проф. д-р Велимир Стојковски : „За бесплатно изучување на рускиот јазик беа пријавени 980 кандидати“ (04.07.2017)
Јазикот за чие што познавање денес добивате сертификат, несомнено е еден од најзначајните и најраспространетите јазици во светот. Неговата распространетост може да се илустрира само преку неколку факти: Денес во светот 170 милиони луѓе зборуваат руски јазик, околу 350 милиони, одлично го разбираат, а надвор од татковината (Русија) живеат повеќе од 30 милиони, на кои рускиот јазик им е мајчин.