Преп. Пајсиј Светогорец: Во кого летаат стрелите на ѓаволските искушенија
Потребно е ние секогаш да мислиме добро и да не се соблазнуваме лесно со недостатоците на другите луѓе, туку да гледаме на постапките на другите со снисходливост и љубов. Кога се умножуваат добрите помисли, тогаш душата на човекот се очистува и тој се однесува со почит и се смирува. Животот на таквиот човек станува рај. Во спротивен случај, човекот во сè се сомнева и неговиот живот се претвора во адско мачење. Тој самиот својот живот си го прави ад.