Кажи ми брату, каква е твојата молитва?
Почнуваме со молитвата. Теоријата останува во втор план. Не те прашувам колку книги имаш прочитано, ниту пак ќе ти кажам колку имам прочитано јас. Само, те прашувам: „Колку се молиш, брату?’’ И само со тоа би можел да ти кажам зошто имаш или немаш мир.
Треба да се вратиме на молитвата од нашите родители. Дали дома сме имале мајка или баба?
Кога ќе научиме да се молиме како што тоа го правеа нашите баби, ситуацијата во нашта земја ќе се промени. Не се сеќаваме на тоа? Има ли некој да не го знае тоа? Бабата ја покриваше главата, паѓаше на коленици и почнуваше да се моли, плачејќи и бришејќи си ги солзите со крајот на шамијата или шалот. Освен ‘‘Оче наш’’, знаеше уште две или три молитви... Колку молитви знаеш ти?
Еднаш, отец Деметрио Бехан и отец Клеопа, видоа една старица од село, со папучи на нозете, како се моли со толку силен жар, што еден голем пламен се формираше врз нејзината глава. На тоа ниво на молитва треба да стигнеме. Тогаш ние нема да треба да бараме од законодавците да ни дадат нешто.
Да одиме кај Богот на Светлината и кај огнот на молитвата.
------------------
(Извадок од „Ми недостига Небото, животот на отец Јоаничи Балан’’, издавачка куќа Манастир Сихастрија, Романија 2010, ст. 510);
Јоаничи Балан беше Архимандрит во манастирот Сихастрија, Романија;
Слика: Манастир Сихастрија, Романија
Подготви:
Снежана Корнет