† ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“ ВО С. БОТУН
На 02.06.2019 година, во Шестата недела по Пасха - на Слепиот, и на празникот на св. маченици Талалеј, Александар и Астериј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Архангел Михаил“ во с. Ботун, општина Дебарца, Охрид. Откако беше осветен храмот, веднаш беше отслужена и првата света архиерејска Литургија..