Велики Петок-Плачот на Пресвета Богородица
Откако беше продаден и предаден за триесет сребре-ника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?" (Матеј 26, 68).