Повеќето од нив се истакнале во препишувачката и преведувачката дејност оставајќи зад себе богато книжевно наследство. Така, овој манастир останува запомнет како еден од најавтентичните продолжувачи на делото на славните св. Климент и Наум. Особено, пак, процветал во времето на големата агарјанска наезда, кога паствата на архиепископијата го понеле тешкиот јарем на иноверното османлиско ропство.
Во светиот и Велики Вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушнос, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат подготвени пред крајот, бидејќи за девството Он им зборувал повеќепати, како и за евнусите.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ
Кипријане,
велики молитвениче,
пред Бога застапниче,
за нашите души покровителе.
Моли се, оче преподобне,
за оние кои ти приоѓаат
од тебе благодат измолуваат.
За нивно преумување,
„Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Но, наскоро на ова ќе му дојде крајот! И вие ќе бидете сведоци на тоа!“
28. Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите.
29. И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе попуштат.
30. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ.
Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа.
Девственички свети маченички,
поучени за воскресение во живот вечен
од истоименитоста со благодат преисполнета –
светата Анастасија,
заштитени со молитвите на Христовиот пастир,
Доаѓа Христос и му се обраќа на секој човек поединечно. Повикот на љубовта што тој го упатува не е колективен, туку е личен. Христос благовести слобода од колективната масовност, во било каква форма - етничка, расна, социјална, политичка, образовна, економска.
Женикот стои во центарот на храмот и го повикува човекот, личноста на секој еден од нас, да
Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус Христoс. Тoј град сe нарeкува Царствo Нeбeснo, бeсмртeн живoт, двoрeц на ангeлитe, пристаништe на свeтитeлитe, утoчиштe
Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на човечкиот род: ги лекуваше болните од секакви болести, на слепите им го враќаше видот, на парализираните - одат, а им помагаше и на другите
Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа сила која го воскреснува умрениот? Со целото свое празнување Црквата одговара на ова прашање: Христос плаче затоа што во оваа смрт на својот пријател Тој го созерцува торжеството на смртта