Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември
Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина, сред светот, на епископскиот престол, на проповедниковата катедра. Тој бил низ својот живот и маченик, но не до крв.