Спoрeд нeизмeрнoтo Бoжјo милoсрдиe, мoжe.Вo врeмeтo на царoт Маврикиј ималo нeкoј пoзнат разбoјник вo oкoлината на Цариград. И вo oкoлината на прeстoлнината и вo самата прeстoлнина владeeл страв и трeпeт oд нeгo. Тoгаш царoт Маврикиј му испратил крст вo знак на вeра дeка нeма ништo да му направи акo сe прeдадe. Разбoјникoт гo примил крстoт и сe прeдал.
На 27.10.2016 година, на празникот Петковден, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, извршија мало осветување на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Маврово. Тетовско-гостиварскиот Митрополит на ктиторот г. Марјан Стојменов во знак на благодарност за изградбата на оваа црква во Руски стил која е реткост во Македонската Православна Црква
„А, доколку Бог не` создал да бидеме без волја и да го правиме само она што Он го сака, тогаш не би постоела слобода.
Бог го создал човекот така што самиот да бара да биде добар, самиот да го посакува тоа, на некој начин како негово постигнување, а всушност тоа произлегува од Божјата благодат.
Меѓутоа, надежта во позитивната промена на односот меѓу човекот и природата таа го поврзува со тежнеењето на општеството кон духовна преродба. Антропогената основа на еколошките проблеми покажува дека светот кој нѐ опколува го менуваме во согласност со својот внатрешен свет, односно преобразувањето (обновувањето) на природата треба да започнува од преобразувањето (обновувањето) на душата. Според мислата на свети Максим Исповедник, човекот ќе биде во состојба целата земја да ја претвори во рај, дури тогаш, кога рајот ќе го носи во самиот себе“.
На 26.10.2016 година, беше претставен конзервираниот фрескоживопис во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид. Возобновувањето на фрескоживописот, ревитализацијата на камбанаријата, како и на манастирскиот конак, се одвиваше во повеќе фази, започнувајќи од 2009 година па сè до денес. Голем придонес за остварувањето на оваа мисија има Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија, која издвои..
На 22 октомври 2016 Лето Господово, на празникот посветен на св. апостол Јаков Алфеев и св. праотци Авраам и Лот, се изврши осветување на храмот Св. пророк Илија, во Горно Нерези, Општина Карпош. Чинот на осветување го изврши Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската православна епархија по што следеше Божествена Литургија.
Иницијативата за градењето, како и идејното решение за Бигорскиот скит на Светите рамноапостолни сесловенски Првоучители и Покрстители, произлегуваат од големата љубов што нашиот Старец ја има за овие два Божествени Светилника на Црквата Христова. Дарител за изградбата на Скитот е благочестивото семејство на г. Горан Џикоски од Скопје, верно духовно чедо на нашата Света Обител.
При составувањето на молитвеникот, беа следени неколку принципи: да им се дадат најнеопходните податоци на слепите и глувите во врска со молитвената практика во Православната Црква. Информацијата е претставена максимално едноставно и достапно, согласно можностите на слепите и глувите луѓе.
Многупочитуваниот Митрополит г. Иларион, кој веќе десет години достоинствено и со ревност го носи тешкиот архиерејски и пастирски крст, е поранешен собрат на Свештената Бигорска Обител. Затоа, денес, по повод десетгодишниот јубилеј, неговиот некогашен соподвижник во монашката борба, нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, од името на целото бигорско братство му подари една скромна архиерејска панагија.
Убеден сум дека курсевите по руски јазик ќе имаат многу добра иднина и перспектива. Рускиоте јазикот на Достоевски, на Толстој, но освен тоа, тој е јазик и на голема наука и на голем бизнис. На руски јазик зборуваат повеќе од 300 милиони луѓе и знаењето на рускиот јазик во современиот глобален свет ја зголемува конкурентноста на оној што го познава, рече Шчербак.
Проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ е целосно завршен од страна на стручната екипа. Можеме да го видиме тој прекрасен колоритен и богат фрескоживопис. Податоците при самите истражувања кога почна проектот да се реализира, говорат дека фрескоживописот има три слоја кои датираат од 12, 15 и 19 век.
Мојсеевиот споменик, кој се наоѓа на седум километри од градот Мадаба на врвот од планината Нево, е едно од најважните и најпосетувани места за поклонение во Јордан, и затоа долгоочекуваното негово отворање после сериозните реставрациски работи е многу важно собитие. Тука, на самиот врв на планината висока околу 1 км, некаде на 30 км од Аман, големиот град на Јордан..
поука на Св. Пајсиј Светогорец. На прашањето: „За кого треба да се гласа?“ Преподобниот одговарал: „За оној кој е поблиску до Црквата. Не гласајте за партии кои се нарекуваат себеси за Христијански... ние не треба да се делиме според партиската припадност. Најпрвин ќе ја љубиме нашата црква, а потоа Татковината и ќе гласаме за оние кои ги вложуваат своите сили во борбата за нив“.
Во смирението потонуваат сите стравови и помисли како камен во огромен океан. Тогаш ти ќе дознаеш дека смирението е вистинска храброст. Затоа стравот е спротивен на храброста. Но, не таа храброст за која говорат во светот, туку храброста на смирението, кое раѓа чисто срце. Чистото срце, познавајќи Го Непознаениот и сместувајќи Го Несместливиот, нема страв од човек, туку има страв од Бога, кој се претвора кај него во непресушна Љубов.
Верата не може да биде противна на разумот. Тоа се две различни својства, две различни нивоа. И споредувајќи ја верата и разумот, можеме да кажеме: овде нема противречност. Противречноста се јавува од тоа што се мешаат два концепти – верата и слободната волја. Навистина, имајќи слобода, јас можам и да не се согласам со тоа што не може да биде докажано апсолутно веродостојно.
За да ги градиме нашите општества и држави со највисоки стандарди и вредности, потреба е и црквата. Св.Климент нè направи наследници на бесценето духовно богатство кое што не познава граници -рече Поглаварот на МПЦ.
На 16.10.2016 год. во храмот св. Наум Охридски во Малме - Шведска,беше одбележан три годишен спомен од неговото осветувањето и се отслужи света литургија на каја чиноначалствуваше надлежниот митрополит Европски г. Пимен, во сослужение на митроплитот Брегалнички г. Иларион и митрпополитот Тетовско - гостиварски Јосиф, на литургијата сослужуваа свештеници од истоимените епархии.
Гран-при наградата на 14 – от филмски православен фестивал којшто се одржува во Киев, ја доби рускиот режисер Николај Достал за филмот „Монах и демон“. Филмот е приказна за еден монах од машки манастир (Иван Семенович Шапошников), кој станува објект на работата на ѓаволот, кој го искушува Иван за да го одвои...
Во Аргентина, Јужна Америка, ќе биде отворен првиот руски манастир, лоциран на земјиште кое е подарок од свештеникот Вартоломеј (Обедо).Ваквата иницијатива е резултат на тоа што неколку парохјани имаат желба да се посветат на монашки живот. Во последно време забележан е пораст на интересот за православната вера во Аргентина,