Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
Митровден во Марковиот манастир
На 8.11.2022 година, кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена Литургија во манастирот „Св. вмч. Димитриј Солунски“ – Марков манастир. Во ипоѓакон беше ракопроизведен чтецот Стево Миланов.