И какo штo свршeницата знаe дeка првo мoра да излeзe и да сe oддалeчи oд куќата кадe штo сe рoдила за да сe сoстанe и пoтпoлнo да сe сoeдини сo свoјoт свршeник, така и христијанинoт знаe дeка тoј нe мoжe пoтпoлнo да сe сoeдини сo Христа дoдeка смртта нe гo oддeли oд тeлoтo, т.e. oд матeријалниoт дoм, вo кoј нeгoвата душа oд раѓањe прeстoјувала. и растeла.
Но, не беше онаа (светлина) едноставно чувствена, иако се појави на пророковото лице, бидејќи славата на светлината од лицето на Мојсеј, според свети Макариј, и сега светиите ја примаат во душата. Истата (светлина) овој (отец) ја нарекува „слава на Христа“ и смета дека е над чувствата иако е достапна за чувствата, земајќи го она апостолското, со мал додаток: „Сите ние со откриено лице славата на Бога, то ест неговата умна светлина, како во огледало ја гледаме, во истата икона преобразувајќи се од слава во слава,
Како ангел на земјата си се јавил, благовестејќи им ги на луѓето неискажливите Божји тајниː својот глас соединувајќи го со бесплотните хорови, ти нè вдахновуваш да ти пееме вакаː Радувај се ти, преку кого мракот се сокри! Радувај се ти, преку кого светлината се јави! Радувај се, ангелу на несоздаденото Божество! Радувај се ти, на создаденото и бесмисленото вистински изобличителу!
Копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“, денеска беше подигната од Манастирот Дохијар на Света Гора, Грција и е на пат кон Струмица, Македонија. Неколкумина струмичани ја носат иконата кон Струмица, а претходно ќе поминат во Солун, каде ќе биде осветена во Православна црква...
Навистина на бeзгрeшнитe им вeтил сè. Бeзгрeшнитe ќe бидат наслeдници на царствoтo Бoжјo, синoви Бoжји, дeца на свeтлината, дeца на бeсмртнoста, другари на ангeлитe, браќа Христoви.
Бeзгрeшнитe ќe имаат изoбилeн живoт, изoбилeн мир, изoбилна мудрoст, изoбилна мoќ, изoбилна радoст. Бeзгрeшнитe ќe имаат сè бидeјќи сè им e вeтeнo.
А служењето на Бога не е ништо друго, освен тоа да немаме во умот ништо од она што Му е туѓо на Бога – тогаш кога Го прославуваме Бога, ниту да имаме грешни желби – кога Му се молиме на Бога, ни злоба – кога Му пееме, ни похоти кога Му се молиме, ни омраза кога Му се поклонуваме, ниту пакост, која ни става пречки, кога бдееме пред Него; ни срамни сласти во членовите наши – кога си спомнуваме за Бога.
Литургијата на Претходноосветени дарови на светиот отец наш Григориј Велики, папа Римски, е централното богослужение преку кое ние, верните, се движиме низ Великиот yПост. Истото во голема мера се разликува од литургиите на коишто сме навикнати. Во следниов период ќе објасниме неколку особености на оваа литургија.
Во 13:00 часот Иконата ќе биде пречекана на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, а потоа со свечена литија ќе биде пренесена во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, каде што и ќе остане засекогаш. Молитвено учество во свеченото торжество ќе земе и Свештената Бигорска Обител, со својот Старец, Архимандрит Партениј.
Значи тој бил теоретичар ама повеќе се осврнувал на пастиркото дејствување со дела. Така неговите дела секогаш имале морално – практичен карактер и биле службено орудие, помошно средство за поуспешно и по плодородно пастирско служење. Тој вели : ,,Во мене една е целта, да се принесам, приведам во sидањето на црквата.
Ќе има и Македонија подобри денови. Ќе има, но дури тогаш кога ќе роди повеќе вакви кротки херои што со лопата во рака ќе мислат на доброто на сите, и на оние што ги знаат, но и на оние што случајно ќе минат покрај закрпените дупки на патот. А не херои со ленти и балони полни воздух или боја ќе бидат идеал на народот.
Кога ќе се догребеме до молитвата, стануваме како лавови што рикаат; не тогаш кога се молиме немарно или млако, туку кога се молиме со душевната сила. Утврдете се преку мислата дека молитвата е сè. Без молитва, очекувајте потполно овенување и падови еден по друг. Ако за време на искушението со сета своја сила се држиме за молитвата, сигурно ќе го надвладееме ѓаволот и ќе приложиме уште една победа кон Сесветото име Христово.
Благодарение на семилосрдната и премудра Божја промисла, која грижливо за сѐ промислува, како и благодарение на недобројните маченички подвизи и жртви на олтарот на слободата, денес ние ја имаме оваа прекрасна и богоблагословена наша држава, со јасно дефинирани државни симболи и самобитна македонска нација.
Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.
Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој не добил поттик за духовно саморазвивање.
А пак трпението, премили браќа, не само што ги чува добрините, туку и ги гони несреќите. Подржувајќи го Светиот Дух и сврзувајќи се со сè она, што е небесно и божествено, против делата на плотта и телото, со кои душата е освоена и обземена, тоа се бори со крепоста на своите доблести. Да разгледаме најсетне некој од бројните примери, за да се разберат од овие неколку и останатите.
Со навршувањето на четриесетиот ден од раѓањето на детето, неговата мајка го донесе во храмот на свети пророк Илија во скопската населба Аеродром на Голема молитва за да побара благослов од Бога за својата рожба. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец,
За сите кои ќе го сретнеле, иако тој тоа никогаш не го признавал тоа, Отец Јован бил еден навистина голем духовник: постел цело време, јадел само еднаш на неколку дена, бил буден во секое време, спиел само по неколку часа преку ноќта; додека се молел, цело време правел безбројни поклони.
Еднаш, помладиот брат го прашал за некои зборови, од кои би имал духовна полза. Отец Јован му рекол:
А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде.
Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето.