логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

УТРЕНА


✜✣✜


Тропар, глас 1.

Во раѓањето си го зачувала девството, во успението не си го оставила светот, Богородице. Си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.


✜✣✜


Седален, глас 1.

Сечесниот хор на премудрите апостоли, на чудесен начин се собра да го погребе твоето славно и пречисто тело, Богородице сепеана. Со нив пееја и мноштво ангели, славејќи го твоето чесно преселување, кое ние со вера го празнуваме.


✜✣✜


Седален, глас 3.

Во твоето раѓање зачнувањето беше бессемено, а во твоето успение – телото беше нераспадливо. Се случи двојно чудо меѓу чудесата, Богородице: Како, бидејќи чиста и без маж, храни дете? Како умира Мајката на Бога и мириса на миро? Затоа со ангелите ти викаме: Радувај се, благодатна.

✜✣✜


Седален, глас 4.

Кажи ни, Давиде, кој е овој празник што си го опеал во древната книга на Псалми? Како Дева, Божјата ќерка и слугинка, ја пресели во оние живеалишта, Христос, Кој се роди од неа бессемено! Поради тоа се радуваат мајките и ќерките, и невестите Христови, викајќи: Радувај се, Ти која се пресели во Царството небесно.


✜✣✜


По 50-ти псалм, стихира глас 6.

Кога твоето пречисто тело се спремаше за умирање, тогаш апостолите, околу одарот, те гледаа со треперење; едни те гледаа восхитено, а Петар со солзи ти викаше: О Дево, те гледам прострена тебе, која Го роди Животот на сите, и се чудам, бидејќи во тебе се всели Оној Кој во идниот живот ќе биде нашата наслада. Но, Пречиста, моли се непрестајно на Твојот Син и Бог, да го спаси твоето стадо неповредено.


✜✣✜


Канон, на Јован Дамаскин, глас 4.


✜✣✜


Песна 1.


Ирмос: Ќе ја отворам устата моја, и со Дух ќе се исполни, и збор ќе ѝ кажам на Мајката Царица, и ќе се покажам светло торжествувајќи и, радувајќи се, ќе го воспеам нејзиното успение.


Млади девојки, со пророчицата Маријам, запејте сега песна на заминување, бидејќи Дева и единствената Богомајка се преселува на небесата.


Небесните и божествени живеалишта достојно те примија како живо небо, Пречиста, и ти застана пред Твојот Цар и Бог, светло украсена како невеста сенепорочна.


✜✣✜


Песна 3.


Ирмос: Твоите песнословци, Богородице – жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојот божествен спомен, со венците на славата удостој ги.


Излезена од смртна утроба, Пречиста, ти го заврши својот овоземен живот сообразно со твојата природа. Но, бидејќи Го роди Животот, ти се пресели кон божествениот и ипостасен Живот.


Хорот од богослови од краиштата на вселената, и мноштво ангели од небесата, врвеа кон Сион, по сесилна заповед, служејќи му на твоето погребение, Владичице, како што прилега.


✜✣✜


Ипакој, глас 8.


Сите поколенија те именуваат блажена, Богородице Дево, бидејќи Христос нашиот Бог благоволи да се смести во тебе. Блажени сме и ние, кои те имаме тебе за наша застапница, оти за нас се молиш дење и ноќе, и со твоите молитви се утврдуват скиптрите на царството. Затоа ти викаме: Радувај се, благодатна, Господ е со тебе.


✜✣✜


Песна 4.


Ирмос: Пророк Авакум, гледајќи го неиспитливот Божји совет за Твоето воплотување од Дева, Севишен, викаше: Слава на Твојата сила, Господи.


Чудно беше да се гледа, како Живото небо на Царот на вселената влегува во земната утроба! Чудни се делата Твои, Господи, слава на Твојата сила!


Ако во Својата неподвижност, Плодот, Кој од неа направи небо, доброволно влезе во гробот како мртов, како тогаш да одбие погребение Онаа што Го роди безбрачно!


При твоето заминување кон небото, Мајко Божја, твоето тело, во кое Бог најде сместување, со радост и треперење го покриваа ангелските воинства, со своите свети крилја.


✜✣✜


Песна 5.

Ирмос: Целиот свет му се чуди на твоето успение, зашто ти, неискусобрачна Дево, си се преселила кон вечните живеалишта, и на сите што те воспеваат им даваш спасение.


Денес нека разгласат трубите на богословите; сега нека прослави многуговорливиот јазик човечки; нека огласи воздухот, сјаејќи со неизмерна светлина; ангелите нека го воспеваат успението на Пречиста Дева.


Сепеана Дево, Богородице, ти навистина се покажа како избран сад, целиот осветен од Бога, кој во себе Го смести Оној Кој е Бог на сите, на чие успение сите ние се восхитуваме.


✜✣✜    


Песна 6.


Ирмос: Славејќи го овој божествен и сечесен празник на Божјата Мајка, дојдете, богомудри, со рацете да заплескаме и родениот од неа Бог да Го славиме.


Од тебе Животот засветли, без да ги скрши клучевите на девството. Како, пак, твоето пречисто и животворно тело можеше да го претрпи искушението на смртта?


Како храм на Животот, вечен живот си примила, бидејќи со смртта си преминала кон животот, ти, која Воипостасениот Живот си го родила.


✜✣✜


Кондак, глас 2.

Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној што се всели во Нејзината вечно девствена утроба.


Икос: Огради ги моите помисли, Христе мој, бидејќи се осмелувам да го воспеам Бедемот на светот - Твојата чиста Мајка. Моите зборови како цврст бедем поткрепи ги, и моите мисли да добијат сила и тежина, зашто Ти ги исполнуваш молбите на тие што викаат и просат со вера. Дај ми, впрочем, јазик кој може јасно да се изрази, и мисла непосрамена, бидејќи секој дар што нѐ просветлува доаѓа од Тебе, Подателу на светлина, Кој се всели во утробата приснодевствена.

✜✣✜


Песна 7.


Ирмос: Богомудрите момчиња не им послужија на тварите, наместо на Создателот, но, откако храбро ја победија огнената закана, се радуваа пеејќи: Највоспеаниот Господ и Бог на татковците, благословен си.


Момчиња и девојки, старци и кнезови, цареви и судии, кои го славите споменот на Мајката Божја и Дева, пејте: Господи, и Боже на нашите татковци, благословен си.


Нека ечат со духовната труба горите небесни! Нека се радуваат ридовите, и да се веселат божествените апостоли, зашто Царицата се приведува при Својот син, за да царува со него.


Сесветото преселување на Твојата божествена и нетлена Мајка ги собра небесните чинови и вишните сили, за да се веселат со оние на земјата, кои Ти пеат: Боже, благословен си!


✜✣✜


Пенсна 8.

Ирмос: Набожните момчиња во печката ги спаси Рожбата на Богородица. Она што некогаш беше само предобраз, сега станува реалност, и сета вселена ја поткрева да ти пее: Пејте Го дела, Господа, и превозносете Го во сите векови.


Твојот спомен, Чиста Дево, го слават началата, властите, силите, ангелите, архангелите, престолите, господствата, херувимите и страшните серафими; а ние, родот човечки, го воспеваме и превозносиме во сите векови.


Богородице, Оној што, воплотувајќи се, чудесно се всели во твојата чиста утроба, откако ја прими твојата сесвета душа, како благодарен Син, ја успокои во Себе. Затоа те воспеваме, Дево, и те превозносиме во сите векови.


О, чудеса надумни на Приснодева и Божјата Мајка! Од гробот во којшто се всели, рај направи! Стоејќи денес пред него, радувајќи се, пееме: Дела (Господови), пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови.


✜✣✜


Песна 9.


Припев: Величај го, душо моја, чесното преселување на Божјата Мајка, од земјата на небото.


Ирмос: Секој роден на земјата, со Духот просветлен, нека се радува; нека торжествува природата на бесплотните умови, која го почитува свештеното преселување на Божјата Мајка, и нека пее: Радувај се, Богородице себлажена, секогаш чиста Дево.


Дојдете во Сион, на Божјата и плодна гора на живиот Бог, да се радуваме гледајќи ја Богородица, бидејќи Христос, како Мајка, ја пресели во многу подобра скинија – во Светињата на светите.


Дојдете, верни, да пристапиме кон гробот на Божјата Мајка, и да ја целиваме со срце и усни, со очи и со чисто лице допирајќи се, и црпејќи изобилни дарови на исцеленија од Изворот кој тече непрестајно


Прими ја од нас ова песна надгробна, Мајко на Живиот Бог, и со твојата божествена и светлоносна благодат осени нѐ, давајќи им мир на Христољубивите луѓе, прошка на оние што пеат, и на душите – спасение.


✜✣✜


Светилен.


Апостоли (Христови), од краиштата на вселената овде собрани, телото мое погребете го во Гетсиманската градина; а Ти, Сине мој и Боже мој, прими го духот мој.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная