Велик Вторник во храмот на св.пророк Илија (11.04.2017)
Колку сме непостојани ние луѓето! Колку лесно може да не заведе и занесе световната суета, да потонеме во сонот на духовниот немар, едноставно да заборавиме на својата душа, спасението и вечниот живот во Бога. Лишени од елејот на добри дела и без плодови од талантот што Бог ни го дал, секој миг можеме да заспиеме со смртен сон и да се најдеме неподготвени пред Младоженецот на нашите души.