Георгиј Манѕаридис: Парадоксот на Болката – III дел
Воодушевеното примање на болката е можно кога човекот се наоѓа во благодатна состојба со изобилна љубов. Карактеристичен претставник на тој случај е Свети Игнатиј Богоносец, кој што се радувал на претстојното мачеништво, горејќи од копнеж да Го сретне Христа. Во синаксарите обично се одбележува споменот на маченици кои барале од мачителите да го засилат мачењето, за на тој начин подлабоко да ја изразат својата љубов кон Христа.