Св. Јован Лествичник: Покајанието е завет со Бога...
Покајанието е завет со Бога дека ќе водиме еден нов живот. Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста. Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела, спротивни на претходните гревови.