Епископ Иринеј Екатеринбуршки и Сибирски: УЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА НА ПОСЛУШАНИЕ
Послушанието е сржта на потчинувањето на сопствената волја кон другиот. Но, за да ја потчинам мојата волја кон другиот, мора да ја почитувам таа личност. Ако го слушам некого, потребно е да го љубам. Затоа, родители, треба да се однесувате кон своите деца на начин за да ве почитуваат, бидејќи почитувањето е предуслов за послушание.