„Човечката правда е ништожна во споредба со Божествената“
Вистинскиот христијанин никогаш не смее да осудува или да изнесува обвинувања против своите ближни, дури и ако некој насилно му ја земе облеката. Постои разлика меѓу оние луѓе што веруваат во Христа и оние кои не веруваат. Христијаните се придржуваат до Божествената, а луѓето кои не веруваат до човечката правда.