Акатистни поздрави кон Мајката Божја (30.03.2015)
Главната цел на постоењето на Црквата православна, на Црквата која се моли, како и на секој христијанин поединечно, е, пред сѐ, соединување со Христа, учество во Неговата жртвена љубов кон човечкиот род. Верните во Црквата се учат да Го созерцаваат Христа Живиот, заедно со победничкиот Собор, Црквата на првородените, запишани на небесата...