Поука на денот - Човек во тешкотиите полага испити
Човек во тешкотиите полага испити. Вистинската љубов и пожртвуваност се пројавуваат во тие моменти. И кога велиме дека некој има дух на самопожртвуваност, мислиме на тоа дека тој за време на опасности не мисли на себе, туку на другите. Дури и поговорката гласи: пријателот во неволја се познава. Ако сега, не дај Боже, паднат бомби, ќе стане јасно кој мисли за другите, а кој само за себе.