логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Мораме да знаеме дека нашиот инструмент, кој се нарекува совест, е многу нежен инструмент. Понежен и од дамскиот часовник, нели? Со дамскиот часовник нема да собирате дрва. Ќе се расипе. Механизмот ќе му се оштети. Така е и со вашата совест. И најмалото беззаконие се одразува на совеста како во огледало. Тоа е глас на Светиот Дух. Ете зошто и најмалото насилство над нашата волја и совест се зема за тежок грев. Понекогаш вршиме насилство над себеси, нели?

            Познато ни е дека се случуваат такви работи. Просто самите се тераме на грев: се наговараме, се присилуваме. Иако нашата волја и внатрешниот глас, кој се нарекува совест, се побунуваат. Колку ли само животот би бил прекрасен кога луѓето би ја слушале совеста, нели? Тогаш не би имало потреба ниту од полиција, ниту од судии, ниту од затвори – од ништо. Луѓето би внимавале едни на други. И би се плашеле од гревот. Гревот е навреда кон Бог. Значи, љубовта кон Бог е страв да не се навреди Бог.

–         Совест имаат и неверните луѓе?

–         Секако. Тоа е својство што Бог како природен закон им го дарува на сите луѓе уште од раѓање. Но кај неверниците совеста е многу грубо и слабо развиена, додека совеста што е осветена со Светото Крштение и со другите Свети Тајни станува чувствителна, нежна, префинета. И колку повеќе ја очистуваме преку покајание и солзи – таа станува сѐ почувствителна. Затоа угодниците Божји биле толку чувствителни и на љубовта и на гревот. Во тоа е и смислата на восовршувањето.

–         Старче, а зошто во наше време постот повеќе не стои на прво место, туку секаде го игнорираат или честопати е само формален?

–         Затоа што денес во нас сѐ помалку е присутно правилното сфаќање на љубовта кон Бог, личното спасение и вечноста.

–         Старче, па кажано е дека постот е мајка на сите добродетели.

–         Воздржувањето.

–         Не треба да го занемариме воздржувањето?

–         Не! Никако! Тоа е лудост! Знаеме какво е покајанието кај иноверните, оние што не го признаваат постот. Тие никогаш не се обновуваат. Тие не можат да го остават својот омилен грев. Бидејќи само покајанието, без воздржување, не може да се принесе на Бог. Секој акт на покајание е поврзан со воздржување. Замисли си за момент: ќе се најадеш до ситост и потоа ќе се принудуваш на покајание. Ќе постигнеш ли нешто? Никако! Уште повеќе ќе потонеш во грев, бидејќи демоните веднаш ќе започнат да те наговараат да се самосожалуваш: „Сожали се над себе, што ти е потребно тоа? Оди, касни нешто, закрепни се, одмори се, земи здив!“ Бидејќи демоните не дозволуваат да се каeш, а ти ќе ги послушаш и ќе се сожалиш над себе.

–         А може ли демонот со помош на луѓе да се спротивстави на покајанието? Само што човек ќе одлучи да се покае, само што ќе почне со пост и воздржување, кога одеднаш од сите страни слуша: „Ајде одмори, зошто толку постиш, мисли на своето здравје, потребна ти е сила“, итн.

–         Тоа е затоа што по својата гордост самиот си вели: „Ќе се покајам, ќе се поправам“. Тоа е она проклето јас, гордост, која му пречи.

А смирението започнува сосема поинаку: „Господи, помогни!“ Тоа започнува од молитвата, нели? Моли се за помош, за да го замразиш гревот. Таа омраза кон гревот, тоа каење и молење: „Прости, помогни!“ – тоа ќе го преобрати престапникот. Кај мене, во мојата пастирска пракса имаше блудници кои не можеа да си го замислат животот без својата омилена страст, без своето омилено задоволство. Но, мачени од совеста, бидејќи, сепак, веруваа во Бог, по милоста Божја, доаѓаа кај мене. Најпрво доаѓаа безволно, се присилуваа на тоа, а потоа се навикнаа на мене, па доаѓаа многу често. За година-две целосно ја оставија својата страст. И со страшна омраза и солзи се сеќаваа на она што било. Не на конкретни настани, туку општо – дека им се случувало такво нешто. Една од нив сега е монахиња, и тоа каква монахиња. Голема. Јас ја замонашив. Никој не би помислил дека некогаш била таква. Бидејќи покајанието не само што го лекува човекот туку и го обновува.
 
* * *
 
Простувањето доаѓа поради постојаниот плач, поради постојаното покајание или од силината на оплакувањето, од солзите. Велам солзи, а не вода од очите. Кога станува збор за солзи, тука се мисли на срцето, односно кога срцето плаче, а не вода низ очите. На водата од очите честопати и не треба да ѝ веруваме. Таа доаѓа од суетата, од самосожалувањето, од себељубието! Но постои и водичка што ја нарекуваме солзи. Тоа е кога срцето ќе се очисти од страста на гордоста, па започнува да плаче со вистински солзи. Тие солзи доаѓаат од срцето и се појавуваат кај големите луѓе.

Извор. МПЦ-ОА

 

Старец Сампсон (Сиверс)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная