Апел на монаштвото на МПЦ-ОА до сите активни чинители, претенденти и носители на одговорни функции во политичкиот и општествен живот во Р. Македонија (08.04.2016)
Сите оние кои на секаков начин се борат да дојдат на власт, како и оние што ја злоупотребуваат дадената им позиција на моќ, задоволувајќи ги безобѕирно своите лични интереси на сметка на другите, ја повредуваат таа заедница, го повредуваат своето семејство. Таквите нека знаат дека прават голем грев против Бога и ближните и, бездруго, за таквото дело ќе треба да дадат одговор на Страшниот Христов суд.