Свети Кипријан Слепченски (30.04.2017)
Велик ревнител за православието, и нов маченик на Христа Бога, се покажа мудар Кипријане, заблудата агарина презирајќи ја, и сите страдања машки ги претрпе.
Велик ревнител за православието, и нов маченик на Христа Бога, се покажа мудар Кипријане, заблудата агарина презирајќи ја, и сите страдања машки ги претрпе.
Вистинaтa не требa дa се кaжувa секoгaш директнo. Другиoт можеби не мoже дa јa издржи.
Тoa не е вистинa.Тoa не е љубoв.Тoa е сaмoљубие.
- старец Емилијaн
Мораме да им помагаме на нашите блиски, но и на нашите браќа и сестри во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање. Ние сме сигурно заштитени ако сме под заштита на Пресвета Богородица, а во опасност сме ако живееме под јаремот на постојан грев кој е во моментов во пораст во светот.
Црквата е нескршлива – не поради тоа што нејзините членови се способни да ја одбранат од искушенијата и противниците, туку заради тоа што нејзиниот Жених и Глава е самиот Христос. Црквата е невестата Христова и во тоа се состои суштината на женскиот архетип на заедницата на верните.
Македонската православна црковна општина Свети Прохор Пчински, од Пјаченца (Италија), Европска Епархија, заедно со братството на манастирот Св.Антониј Велики - Ново Село, ги посетија децата со специјални потреби при О.У. ,,Св. Климент Охридски’’ во Ново Село и штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација ,,Бања Банско’’-Струмица.
Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во сите негови размислувања. А, пак, целта му е давање поуки како да се заслужи и спасение на душата и како да се стекне матерјално добро, меѓутоа да не биде во противречност со Евангелето и не паѓајќи во грев.
Иконата – тоа е откривање на вечноста во времето. Иконата јавува, таа е објавител на Царството Христово, на обожена твар и на преобразеното човештво, кое со својата личност Самиот Христос го јавил. Преку иконата, во видливото се набљудува невидливото, во временото – вечното.Тоа е затоа што иконата не е едноставна слика на природниот аспект на личноста, но е издигната на ниво – на претстава на идниот век и свет.
Денес во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје беше промовирано изданието СОВЕТИ И РАСКАЗИ ОД КЕКАВМЕН со превод и коментар на проф. д-р Јован Белчовски. Книгата била пишувана во втората половина на 11 век кога Византиската Империја се судрувала со економско – воени и политичко – морални предизвици.
На 25 април 2017 во соборната црква Светиештенство Митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, како и голем број на свештеници, теолози и студенти. Климент Охридски беше отворена изложба на икони од современи романски иконописци од Факултетот за црковна уметност при Букурешкиот православен богословски факултет „Патријарх Јустинијан“.
Христос влегува во нашиот живот, за да нè соедини пред лицето на болката и несреќата во едно цело, за да не собере сите заедно, та да не останеме во моментите на беда, „еден на еден“ со таа беда, како што некогаш остана Тој.
Соединувајќи нè во едно цело пред лицето на несреќата, Тој го прави она, што никој друг не може. Така се раѓа Црквата.
Значи, нашата вера треба да биде дејствителна, секојдневно да ја сведочиме преку дела, и тоа најмногу преку делата на љубовта. Пред нас стои една тешка, но благородна задача: да ја издигнеме веронауката на повисоко ниво и да се залагаме за нејзина поголема застапеност во државните образовни институции. Но, за да се постигне тоа, треба да...
Во втора недела на Воскресение,кога Светата Црква молитвено го празнува споменот на Св. маченик Евпсихиј; преподобен маченик Вадим, во храмот на св.пророк Илија , во населбата Аеродром, во Скопје, свешеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Нo нeвeрникoт глeда сo oчитe и нe видува, туку и пoнатаму сe прашува: “Какo ќe вoскрeснат мртвитe?” Какo? Oнака какo штo вoскрeсна Христoс. Oн сe спушти мртoв вo грoбoт а сe пoдигна жив. Вoскрeсeниeтo oд смртта сe пoкажува и вo прирoдата, нo пoсилeн oд прирoдата сe пoкажува Гoспoд.
Благата што ќе ги добијат праведниците по воскресението на мртвите, се наоѓаат горе, но нивните заложби и зачетоци уште отсега дејствуваат духовно во срцата на верните, за да бидат убедени за она што ќе го добијат во иднина, за да го презреме сето што е сегашно и да Го возљубиме Бога толку да бидеме готови и да умреме за Него.
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје,
заедно со Православниот богословски факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, во вторник, 25 април 2017, во 18 часот
во Свечената сала на Архиепископскиот соборен храм
Го славиме и возобновувањето на нејзиниот велелепен храм во кој многу и необични чудеса станале и многу исцеленија од смртоносни болести се посведочиле. Оти, како што вели црковниот поет, На оние што пристапуваат со љубов, животочниот кладенец на бесмртниот Извор изобилно им дава неисцрпни исцеленија.
Простено ни е, спасени сме, откупени сме. Христос воскресна! Овие зборови кажуваат сè: тие се основата на нашата вера, надеж и љубов; на нашиот христијански живот; на сета наша мудрост и просветеност; на Светата Црква, срдечната молитва, на севкупната иднина. Овие зборови ја уништуваат човечката беда, смрт и зло; ни даруваат живот, блаженство и слобода!
Кондак, глас 8.
Богоблагодатна Дево, од твојот извор кој тече непрестајно, ти ми даваш вода од твојата благодат неискажливо. Затоа ти се молам тебе, која надумно Го роди Словото, пороси ме со благодатта, за да ти викам: Радувај се, водо спасителна!
Пoбeдувајќи ги ситe наши нeпријатeли, Oн нè пoвикува да зeмeмe учeствo вo Нeгoвата славна пoбeда. Нe ниe да пoбeдимe, туку самo да сe придружимe на Пoбeдникoт. Самo Нeгoвата сила пoбeдува, самo Нeгoвoтo oружјe пoкoсува. Ниe смe бeз сила и бeз oружјe, а нашитe нeпријатeли сe страшни.Нo сo Нeгo и пoкрај Нeгo ниe ги пoбeдувамe пoсилнитe oд сeбe.
Го пишувам ова во недела, на Велигден. И немам намера да пишувам нешто делнично, туку да потсетам на важноста на светите нешта во животот на човекот, без разлика дали е верник или атеист. Без мистичното и митското, без чувството дека овој свет е вечна мистерија и тајна, а не банална, решена (макар и политичка) равенка, овој живот, без разлика дали сте политичар,