Преподобен Јосиф Исихаст:Нашите страсти ни ги имаат затворено нашите духовни очи, така што, не гледаме
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи, на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува се дотогаш, додека не се засити умот, така што, молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што, ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.