Мета: Бескрајно благодарен на срдечниот дочек на владиката Партениј и бигорското братство
-За мене денес беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир, напиша Мета.