логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење. Кога праведниците живеат во благосостојба, градот се радува. Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разрушува.
    Изреки 11,9-11

На изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, отворена во четвртокот на 20 мај, меѓу останатите ракописи беше изложен и еден фрагмент од Зрзевското Четвороевангелие од првата половина на XVI век. Имено, станува збор за страничен запис во ракописното Евангелие, со кој се документира еден значаен историски настан: епидемија на чума во регионот околу селото Зрзе во 1538 година, од која починале многу луѓе. Она што восхитува е начинот на кој Црквата, водена од грижа за луѓето и човекољубие, се справува со големото искушение. Притоа, доаѓа до израз важноста од соборноста на Црквата и послушанието кон соборните црковни одлуки.

Фрагмент од Зрзевското Четвороевангелие од 16 век

Бидејќи во нашево време се соочуваме, исто така, со една пандемија, но за разлика од некогаш, денес гледаме, за жал, голема самоволност и непокорност, како кај дел од верниците, така и кај некои од клирот на Црквата, кои се однесуваат како самоповикани теолози, учители, проповедници, толкувачи и пророци, кои „се разбираат од сè“ и ја „бранат“ Црквата од нејзините пастири, најдовме за добро да го објавиме споменатиов запис и да го преведеме на современ македонски јазик, како поука за тоа колку насушно е потребно послушанието и соборноста во Црквата:

    Во лето 1538, започна помор, по Божјо допуштение, во село Зрзе. Прво умре поп Никола, ноември 1-ви, а во истиот месец се претстави и слугата Божји Теодор, во 20-от ден и по него 150 души од селото и 6 браќа од манастирот: духовникот Јосиф, јероѓаконот Генадиј, Висарион монах, Сава монах, Герасим монах, Дионисиј јеромонах и Никифор јеромонах.

    Потоа направија совет и закон положија, заедно со Соборот Архиерејски и со целиот народ од окрсните села: да не се дрзне никој поп мирски да крштава, ниту да венчава, ниту да пее без благослов од манастирскиот настојател, во селото Зрзе, во селото Крапа, во селото Барбарос. И кој свештеник нема да ја држи оваа заповед, да има проклетство од самиот Спасител, Отецот Седржител, од Евангелистите и од светите 318 Богоносни Отци и од сите Светии и да ја има честа на Јуда, што Го предаде Владиката Христа. Амин.

    Во истото лето тргна Царот Сулејман-Бег против Карабогдан.

    Напишав јас, јеромонах Паисиј.



Записот на јеромонах Паисиј од 1538 година во кој известува за епидемијата во с. Зрзе и околната област

Во прилог на ова актуелно прашање ќе се надоврземе и на зборовите на нашиот почитуван старец и владика г. Партениј, изговорени за време на архиерејската Литургија во Струга:

„Сосема погрешни се оние заплашувања за последните времиња што се мошне актуелни денес, за жал, дури и во Црквата православна. Бидејќи апокалиптична пропаганда навлегла и во Црквата и ги храни душите на верните со штетна храна, со нешто што му е туѓо на православното богословие и предание. Ете тоа е она на што мислел Христос кога зборувал за крајните времиња: Тогаш, ако ви каже некој: ‘Еве, овде е Христос’ или ‘таму е’ – не верувајте! Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните (Матеј 23,24). И да знаете, ова не е кажано само за инославните и за еретиците, туку и за православни духовници и верници, самоповикани сезналци, кои се разбираат од сè и сешто, знаат што содржат вакцините (а не ги слушаат медицината и науката што се дадени од Бога и кои треба да кажат дали нештото е штетно или не), па дури го најавуваат и доаѓањето на Господа. И сето тоа настојчиво им го наметнуваат на другите, сеејќи во нивните души страв и неизвесност. Разбирате ли колку се погрешни тие нездрави инсинуации со крајните времиња, со Страшниот Суд, со Второто Христово пришествие? Да, ние веруваме и знаеме дека праволинискиот тек на историјата ќе има крај, дека Христос повторно ќе дојде, за да им суди на живите и на мртвите, но ние, како верници, треба да се радуваме на Неговото доаѓање. А ќе се радуваме доколку сме со Него уште во овој живот. Јас треба да Го очекувам и да копнеам по Него уште во оваа вечер; треба да се насладувам со лицето Господово секој ден; да Го барам, да чезнеам по Него секој ден. Величествен е оној дијалог што се наоѓа во последната глава од Откровението на Свети Јован Богослов: ‘Господи, кога ќе дојдеш? Дојди, Господи Исусе побрзо!’ Да, доаѓам скоро! И Духот и невестата велат: Амин! Да дојди! Господи Исусе! Кој е Духот? Тој е Светиот Дух кој пребива во Црквата. А невестата? Невестата е Црквата. Значи, верниот, возљубени мои, верниот што навистина Го знае Христа, тој верник со копнеж Го очекува Христа и Му вели: ‘Дојди, Господи Исусе!’ Тоа е Христијанин, Го очекува Христа како Избавител; Избавител од гревот, од страданијата, од смртта. А точното време на свршетокот на историјата и на Страшниот Христов Суд не спаѓа во нашиот домен. За тоа Самиот Христос јасно говори: А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец (Матеј 24,36). Сака да ни каже дека ние не треба со тоа да се занимаваме, туку да се трудиме секојдневно со Него да бидеме. Знаете, Христијаните уште во првиот век мислеле дека Христос ќе дојде и ќе заврши светот. Ако ги читате, на пример, Посланијата на Апостол Павле до Солунјаните, ќе видите како тој татковски ги укорува околу тоа: ‘Колку пати ви кажував за Второто доаѓање Христово! Дека додека не се јави антихристот, Христос нема да дојде’. Ги искарал Апостолот затоа што некои од нив, штом слушнале дека Господ ќе дојде за скоро, ги оставиле своите работни места, ги затвориле дуќаните и почнале да шетаат од врата на врата и да празнословат, да безделничат и да осудуваат. Ние треба да се трудиме и да работиме како да ќе живееме долго, а да се подготвуваме за конечната средба со Христа како денес да ни е последниот ден. Оти, за нас многу поверојатно е да излеземе пред судот Божји поскоро, одошто да настапи Второто пришествие. Од каде знам дека оваа вечер Господ нема да ми побара сметка за душата моја? Доколку размислуваме вака ќе бидеме исправни Христијани“.

(Извадок од словото на старец и епископ г. Партениј Бигорски: Што е вечниот живот?)

 

https://bigorski.org.mk/etika/pravoslavnite-vo-pandemija-nekogash-i-sega/?fbclid=IwAR0p93qu3f1wX51QrGmLoikS85E7pgYCmPRrb7QXpR2nsQCQAll-MHE2hds

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3119
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная