Митрополит Антониј: постот ни е даден за ние да го почувствуваме присуството Божјо во својот живот
„Постот е најпогодниот период за сериозна работа над себе си. На човекот му се дава време да се избави од гревовите и страстите. Свети Јован Златоуст нѐ поучува: ,Греши оној кој смета дека постот е само воздржание од храна. Вистинскиот пост е оддалечување од злото, воздржание на јазикот, одлагање на гневот, скротување на похотите, запирање на клеветите, лагите и лажното сведочење’.