Божикни активности во Дортмунд (10.01.2016)

Присуството на светите Богослужби и активностите внесоа позитвна енергија кај сите верници а кулминацијата беше кога на сите верници им се објави веста дека сите подготовки за изградба на нов македонски православен храм се завршени и веќе почнуваме со детално планирање со проектот " Да изградиме заедно Православна Црква".











На 09.01.2016 година на денот кога Православната црква го слави св. архиѓакон и првомаченик Стефан, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Архиерејска Литургија во храмот Св. Стефан во населбата Аеродром. Пред Литургијата беше осветено црковното ѕвоно.





































