Сè што Му се случува на човекот, потполно зависи од неговото смиреноумие. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот се случува да биде потчинет на некоја своја страст. Бог допушта тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со суетни помисли и гордост.
Свети Трифун, Кавадарци
На 14.02.2019 година, на денот кога го празнуваме Претпразненството на Сретение, како и споменот на светиот маченик Трифун, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. Петка“ во Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето.