За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
Ретроспектива (2005-2020): Свети Јован Кронштадски: Како секојдневно да го распоредиме времето (3)
До колку нешто работиш, обиди се тоа дело да го извршуваш со мисла за Бога Творецот Кој се создал со бесконечна премудрост, со Својата добрина, Својата семоќ, Кој и тебе те створил по својот образ и подобие. Ако добиеш или поседуваш пари или некое богатство, помисли дека нашето неисцрпно богатство, од кое потекнуваат сите богатства на душата и телото, нашиот Извор од кој непрекинато истекуваат сите богатства е Бог, а тогаш заблагодари Му од се срце и не го заклучувај своето богатство кај себе, за да не си