Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
Зошто христијаните не треба да земаат учество во Халовин (Ноќта на вештерките)?
Во извесна смисла, Халовин е играње со темната сила. Се разбира, мнозинството од учесниците на „празник“ размислуваат едноставно да се исплашат едни со други, весело да се изнасмеат и да се вратат во нормалниот живот. Но, спомнувањето на темната сила, а уште повеќе изобразувањето на истата преку зли слики, фустани и маски, никогаш не исчезнува. Сето тоа навлегува во внатрешноста на човекот, и на крај ќе произведе ефект.