Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Прашањето за смислата на животот во учењето на новозаветното откровение
Човекот не само што живее, туку и си дава отчет за својот живот, и затоа што си дава отчет за својот живот, тој може да живее не како што соодветствува, туку како што тој сака. Од личните размислувања над фактите тој си создава жива претстава за богатствата на животот и од гледна точка на таа претстава ја оценува својата положба во светот и се поставува себеси во однос на творечкиот живот.