Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
Преп. Пајсиј Светогорец: Сè мора да се прави со добри помисли
Еден ден додека одев кон ќелијата на старецот Пајсиј, го сретнав покрај потокот оддалечен околу 500 м. од неговата ќелија. Тој, овој поток го беше нарекол „Нил”. Сечеше костенови дрвја, зашто сакаше да направи мост преку кого луѓето би можеле да го преминат потокот и притоа да не се натопат. Тукушто ја завршуваше работата и се подготвуваше да се врати назад во ќелијата,