Политиката како религија (06.11.2015)
Судејќи според „агитацијата“ и дејството на нашите партии од минатото, би можеле да им завидуваат на повеќето од тоталитарните секти. За да заведуваат и добијат некого, е дозволено сѐ: подкупи, изнудување, лажни ветувања, страв, демонизирање на неистомислениците, создавање на паника и безнадежност. Сето тоа се прави во името на „светите идеали“: „Европа“, „светлата иднина“, „благосостојбата на народот“. И така со неверојатна брзина, успешно и ефикасно, се бришат границите меѓу вистината и лагата, доброто и злото.