Осветување на црквата „Св. Петка“ во Кавадарци (19.10.2015)
Градењето на нови Божји храмови, македонскиот православен народ отсекогаш го разбирал како градење на својот национален идентитет и на својата совесна христијанска личност. Македонецот уредно се грижи за зачувување на наследеното, но и за преземање нови творечки потфати во слава на едниот вистински и жив Бог...