ОБРАЌАЊЕ КОН НЕГОВАТА СВЕТОСТ,
КИР КИР АТИНАГОРА КОНСТАНТИНОПОЛСКИ,
ПАТРИЈАРХ ВСЕЛЕНСКИ И НА НОВИОТ РИМ
Ваша светост!
Од Светите Отци наследивме завет дека во Црквата Божја сè се совршува во законски поредок, во единомислие и согласност со древните преданија. Ако некој од епископите, па дури и од претстојателите на автокефалните Цркви прави нешто што не е во согласност со она што учи целата Црква, тогаш секој Нејзин член може да го изјави својот протест.
15-то правило на Двократниот Константинополски собор од 861 го признави достојни за „честа која припаѓа на православните“ оние епископи или клирици, кои отстапуваат од општење дури и од својот Патријарх, ако тој сенародно проповеда или отворено учи ерес во Црквата. На тој начин, сите ние стануваме чувари на црковната вистина, која секогаш се штитела со грижата за тоа, ништо што има општоцрковно значење да не се прави без согласност од сите.
Затоа и нашиот однос кон разните случувања кои ги надминуваат границите на одделните помесни Цркви, се одредува не поинаку, туку како договор на сите наведени Цркви. Ако нашето разделување со Рим, првобитно и се случило во Константинопол, отпосле било примено од целата Православна Црква и станало дел од целиот Православен свет. Ниедна помесна Црква посебно, а посебно, од сите нас, од дамнини почитуваната Константинополска, од која нашата Руска црква ја примила ризницата на Православието, не може ништо да промени во тој случај, без претходна согласност од сите. А покрај тоа, ние, денешните епископи, не можеме да донесеме одлуки кои би биле несогласни со учењето на Светите Отци кои живееле пред нас, а посебно, кога е во прашање Западот – со учењето на свети Фотиј Цариградски и свети Марко Ефески.
Во светлината на тие принципи, иако ние сме најмлади од претстојателите на Црквите, како оние кои го возглавуваат самостојниот, слободен дел на Руската црква, сметаме дека должни сме да изјавиме одлучен протест против актот на Вашата Светост во врска со свечената изјава, која сте ја дале истовремено со Римскиот Папа, за отстранување на анатемата која ја прогласил Патријархот Михаил Керулариј, во 1054 г.
Слушнавме многу изрази на вознемиреност, кога Вашата Светост пред лицето на целиот свет направи нешто ново, непознато на Вашите претходници и спротивно на 10-то апостолско правило, на средбата со Римскиот Папа, Павле VI во Ерусалим. Ќе кажеме отворено и без колебање: соблазната беше голема. Слушнавме дека после тоа, многу манастири на Света Гора престанаа да го спомнуваат името на Вашата Светост на богослужбите. А сега вие одите уште понатаму, кога со Вашето решение и на епископите само од Вашиот Синод, Вие го укинувате решението на Патријархот Михаил Керулариј, кое било потврдено и примено од целиот православен Исток. Правејќи го тоа, Вашата Светост постапи несогласно со односот кон римо-католицизмот, усвоен од целата наша Црква. Тука не се работи за една или друга оценка на однесувањето на кардиналот Хумберт, не се работи за некој личен спор меѓу Папата и Патријархот, кои лесно би се исцелиле со взаемна христијанска прошка, не – суштината на прашањето е во оние отстапки од Православието, кои се вкорениле во Римската црква низ вековите, почнувајќи од учењето за непогрешливоста на Папата, конечно формирано на Првиот Ватикански концил.
Изјавата на Вашата Светост и Папата исправно го признава актот за „взаемно простување“ како недоволен за исчезнување како на раните, така и на поблиските разминувања. Но тоа не е доволно: тој акт ќе постави знак на еднаквост меѓу заблудата и Вистината. Во текот на вековите, целата Православна Црква исправно верувала дека Таа во ништо не отстапила од учењето на Светите Вселенски Собори, додека за тоа време, Римската црква примила низа, несогласни со Православието, новотарии во своето догматско учење.
Колку повеќе новотарии се внесуваат, толку повеќе се продлабочува јазот меѓу Истокот и Западот. Догматските грешки на Рим од крајот на XI век, сеуште не ги содржеле оние заблуди кои подоцна биле додадени. Затоа, отфрлањето на взаемните забрани во 1054 година, можело да има смисла во таа епоха, но денес – тоа служи само како доказ на занемарување на најважното и главното, имено – објавените после тоа нови учења, непознати за древната Црква, од кои некои биле разобличени од св. Марко Ефески, послужиле како причина Флорентинската унија да биде отфрлена од Светата Црква.
Изјавуваме одлучно и категорично:
Никакво наше соединување со Римската Црква не е возможно, додека таа не ги отфрли своите нови догми, и никакво молитвено општење со неа не може да се обнови без одлука на сите Цркви, кое пак, не е можно додека не се ослободи Руската Црква, која сега е принудена да живее во катакомби. Јерархијата, сега возглавувана од патријархот Алексеј не може да го претставува вистинскиот глас на Руската црква, зашто таа се наоѓа во потполна потчинетост на безбожната власт, исполнувајќи ја нејзината волја. Не се слободни ни претстојателите на некои други Цркви, кои се наоѓаат во комунистичките држави.
Бидејќи Ватикан претставува не само религиозен центар, туку и држава, и односите со нго, како што јавно покажа последната посета на Папата на Обединетите Нации имаат и политичко значење, не треба да се смета невозможно и влијанието на безбожните власти на јерархијата на потчинетите Цркви по прашањето на Римската Црква, во една или друга земја. Историјат ани сведочи за тоа, дека преговорите со инославните во услови на притисок од политичките околности, никогаш не ѝ носеле на Црквата ништо друго, освен смутови и поделби.
Затоа, сметаме дека е неопходно да изјавиме дека нашата Руска Задгранична Црква, како несомнено и Руската Црква, која сега се наоѓа во „катакомби“, нема да се согласи на никакви „дијалози“ за догмите со другите вероисповеданија и однапред ја отфрламе секоја согласност со нив по тоа прашање, признавајќи ја можноста за обновување на единството со нив само доколку тие во потполност го примат православното учење во оној вид, во кој тоа досега се чувало во Светата Соборна и Апостолска Црква. Додека тоа не се случи – забраните на Патријархот Михаил Карулариј останува во потполна сила и нивното укинување од страна на Вашата Светост претставува незаконски и неважечки акти.
Се разбира, ние не сме против добрите односи со претставниците од другите вероисповеданија, доколку со тоа не се предава вистината на Православието. Затоа, нашата црква своевремено и ја прифати љубезната покана да испрати набљудувачи на Вториот Ватикански концил, исто како што испраќаше набљудувачи на протестантските конференции на Светскиот Совет на Црквите, со цел да има сведоштво за работата на тие собранија од прва рака, без било какво учество во нивните заклучоци. Ние го цениме добриот однос кон нашите набљудувачи и со голема заинтересираност ги проучуваме нивните подробни извештаи, кои сведочат за настапување на значајни промени во Римската црква. Ние ќе Му благодариме на Бога ако тие промени послужат во делото на нејзиното приближување кон Павославието. Но сепак, додека Рим има доста работи кои треба да ги промени за да се врати на апостолското исповедање на верата“, Православната црква, која ја сочувала таа вера неповредена досега, нема што да менува.
Црковното предание и пример на Светите Отци нè учат, со отпадниците од Православната црква да не се води дијалог. Кон нив скоро секогаш е обратен монологот на црковната проповед во кого Црквата ги повикува да се вратат под Нејзината закрила, преку отфрлање на секое учење кое не е во согласност со Неа. Вистинскиот дијалог подразбира размена на мислења, допуштајќи ја можноста на преубедување на учеснииците, за да се достигне согласност. Како што се гледа од енцикликата (посланицата) „Ecclesia suam“, Павле VI го сфаќа дијалогот како план за наше присоединување кон Рим, или обнова на општењето со него, со помош на некои формули, кој во секој случај, останува без никакви промени на нивното вероучение, и посебно, нивното догматско учење за положбата на Папата во Црквата. Но, секое согласување со заблудите е туѓо на целата историја на Православната Црква и Нејзиното битие. Тоа би можело да приведе, не кон единомислие и исповедање на вистината, туку кон правилно надворешно обединување, слично на согласноста на разномислениците од протестантските заедници во Екуменистичкото движење.
Да не се случи такво предавство на Православието меѓу нас.
Филарет и Јован Шангајски
Митр. Филарет, oддесно: Еп. Савва Едмонтски, одлево: Архиеп. Јован (Максимович) и Е. Ковалевскиј
Ние, усрдно ја молиме Вашата Светост да ги прекине соблазните, зашто патот кој сте го одбрале, дури и вас да ве донесе од обединување со римо-католиците, би предизвикал поделби во православниот свет, зашто несомнено, многу од вашите духовни чеда ја претпочитаат верноста кон Православието, отколку кон екуменистичката идеја на компромисно обединување со инославните без потполно единомислие во вистината.
Просејќи ги Вашите свети молитви, останувам покорен слуга на Вашата Светост,
† Митрополит Филарет
Претседател на Архиерејскиот Синод
На Руската Задгранична Православна Црква
15 декември, 1965 г.
1054, екуменизам, Патријарх Атинагора, Православие, РПЦЗ, Свети Филарет Вознесенски
Преземено од: Преспанско- пелафонис