Соопштение од кабинетот на Архиепископот по повод промената на статусот на „Света Софија“ Цариградска
Споделувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори, во денешен Таор, Скопско, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот г. г. Стефан, од името на полнотата на нашата Помесна Црква, испрати писмо на сострадалност и поткрепа до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, г. г. Вартоломеј.