ЦРКВАТА И ДЕЦАТА: барање нови начини на работа со младите поколенија во современите услови
Една од главните педагошки задачи на Православната црква денес е таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог.