Светиот апостол Ерма: „ПАСТИР“
Господарот, кој ме одгледа, ме продаде на една жена од Рим, по име Рода. По многу години, ја сретнав повторно и ја засакав како сестра.
По извесно време, ја видов како се капе во реката Тибер; и подадов рака и ја извлеков од реката. Гледајќи ја нејзината убавина, си помислив: „Колку би бил среќен да имам жена со таква убавина и со таква добрина“. Тоа беше една единствената мисла што ме обзеде, и ниту една друга.