Илинденско послание (31.07.2023)
Старозаветните пророци биле Божји избраници – ревнители за вистината и за правдата. Тие, како гласноговорници и исполнители на Божјата волја, го поучувале и го поттикнувале народот кон покајание и кон богобарање, презирајќи го идолопоклонството како недостојна замена за Бога.