Скопје,19ти декември 2023 г.-храм на Свети Три Јерарси
Недела 28 по Педесетница
Свето евангелие според светиот апостол Лука 6:17-23
На 19ти декември 2023 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прoслави споменот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски; Свети Николај, епископ Патарски; Светиот маченик Никола Караман; Свети Теофил, епископ Антиохиски, отец Николај Киранџиќ во сослужение на ѓаконот Дарко Ставрев отслужи Божествена Литургија во храмот на Светите Три Јерарси. На Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Секој што вистински верува дека евангелските заповеди ни беа дадени од Единствениот Вистински Бог, од оваа вера црпи сила да живее според образот Христов. Верниот не си допушта критички пристап кон зборот Господов, но се поставува себеси под судот на тој Збор. Затоа самиот се препознава себеси како грешник и тагува над својата бедна состојба. Отсуството на тагата заради гревот покажува дека уште не ни се открила замислата за човекот од пред создавањето на светот. Вистински покајаниот грешник не бара возвишени созерцанија: тој е наполно зафатен со својата битка против гревот и страстите.
Preminportal.com.mk (k.t.)
Друго:
О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА
О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК
Божествена Литургија во храмот Свети Три Јерарси, Скопје (28.03.2021)