За волја на вистината (Реакција кон писмото на Б. Синадиновски)
За словенското потекло на Мијаците зборуваат и безброј други автори, научници, историчари, филолози, етнографи... Славистот Марко Григоров посветил цела студија за говорот на Мијаците: „Критиченъ прѣгледъ на обнародванитѣ материяли по малорѣканския (миячки) говоръ“, објавена во Софија во 1907 година.