презвитер Горан Стојчевски - ХРИСТОС – КРИТЕРИУМ ЗА ПОСТОЈАНОСТ И НЕПРЕСТАЈНОСТ ВО ПОДВИГОТ

Нашиот копнеж за средба со Воскреснатиот Господ и учеството во следење на Неговaта победа започнува од првиот ден во седмицата – понеделникот. Како што поминуваат деновите од седмицата, ние живееме со сеќавањето на изминатиот неделен ден, на изминатата мала Пасха, и во исчекување на денот недела што следува, во кој повторно ќе го живееме надминувањето на сопствената смрт и прeображението на својот сопствен живот во просторот на Царството Божјо.























"Денес пак, ретло ќе чуете слово за умносрдечната молитва. Луѓето се заробени од толку многу грижи и материјално размислување имајќи совршен презир кон трезвеноста, така што, многумина не само што не сакаат да дознаат, да научат или да истражат, туку, дури и да чујат дека некој кажува за сторените подвизи, веднаш го навредуваат и отфрлаат,...

























