Митрополит Струмички Наум - Потсетник (04.01.2018)
На пример: имаме недоумица во однос на подготовката на таканаречената бадникова семејна вечера. Сега, ако знаеме дека главната цел при дочекот на Рождеството Христово ни е причестувањето со Светите Тајни Христови, тогаш од трпезата веднаш отпаѓа рибата и сѐ што е подготвено на масло (зејтин). За други мрсни работи и да не спомнувам – секој знае дека пред Причест се пости.