Св. Теофан Затворник - Покајанието раѓа вера
Пред јавувањето на Господа пред народот и Неговото совршување на домостројот на нашето спасение, св. Јован Претеча бил испратен за да ги подготви луѓето да Го прифатат. Подготовката се состоела во повик кон покајание. Оттогаш, покајанието станало пат кон нашиот Господ и Спасител, предворје на верата во Него. Самиот Спасител Својата проповед ја започнал со зборовите: „Покајте се и верувајте во Евангелието“.