Синаксар на четврта недела по Пасха, за раслабениот (07.05.2017)
Во тој ден, четврта недела по Пасха, правиме спомен на раслабениот (парализираниот) и, како што прилега, празнуваме едно чудо што го направи Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос. Овој настан е поместен овде затоа што Христос го направи за време на еврејската Педесетница. Кога се искачи во Ерусалим за празникот, и кога беше во бањата со пет тремови, што ја направи Соломон,