Моралот во областа на полот (3)
Дури потоа, откако ќе ја побараме, долго време можеби ќе ви изгледа дека не ја добивате таа помош или ја добивате многу малку. Не паѓајте со духот; секој пат кога ќе паднете, барајте прошка, соземете се и направете нов обид. Многу често Бог на почетокот не ја дава самата добродетел, туку сили за нови обиди.