Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски - Библиското гледиште за правдата и праведноста во делата на свети Климент Охридски
За свети Климента правдата не ниту апстрактна, ниту пасивна. Повикот за трезвеност и умно искористување на овој минлив овоземен живот е чест во неговите слова. Па така, во Пофалното слово за пророкот Захарија и зачнувањето на свети Јован Крстител, тој вака поучува: „да си помагаме еден на друг, земајќи го на себе добриот подвиг; да не се приврзуваме за овој краткотраен имот што минува бргу како сенка, и по смртта ќе нè задави со клевета, говорејќи: