„Сиромавиот Го прашал Бога“
Имаш неколку нешта: лице што знае да се насмевне; уста што можат да пофалат или утешат; срце што може да се отвори за ближните; очи што можат да зрачат со добрина; тело што може да им помага на другите.
Имаш неколку нешта: лице што знае да се насмевне; уста што можат да пофалат или утешат; срце што може да се отвори за ближните; очи што можат да зрачат со добрина; тело што може да им помага на другите.
Сè уште се надевам на ренесанса на оваа земја, иако многу работи секојдневно ме демантираат и разоружуваат. Но можеби токму надежта е последното нешто што му останува на човекот кога сè друго почнува да се руши.

Неодамна е докажано и дека звукот на ѕвонот ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства и станува лековита, зависно од степенот на верување на верникот.

Преку еден човек ти ќе се научиш на трпение, преку друг – на простување, третиот ќе ти помогне да бидеш кроток. Кога ти најнакрај ќе се смириш и ќе најдеш сили да ги прифатиш луѓето со сите нивни немоќи, тогаш нема да се вознемируваш за тоа како со тебе постапуваат. На тој начин ти ќе го најдеш долгоочекуваниот мир и спокој."

Молитвата не е само заборови. Таа произведува осцилации на одредена фреквенција. Одамна е докажано дека молитвата ја менува структурата на водата. На крај, осветената богојавленска вода не е мит туку научен факт.

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието,
учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената ја поучи,
преку тебе учиме да разликуваме духови.

Древниот латински преведувач на Pазговорите од блажениот преподобен отец Зосим ја дава следнава воведна белешка. „Високо ги оценувам овие Разговори заради нивното јасно изложување на вистинските својства на аскетските подвизи, заради изобилното духовно помазание, со кое се проникнати и преслаткото благоухание на светињата што зрачи од нив.

Непоколебливи во верата света како гората Сион,
огнена ревност имајќи како Илија,
вие свети девет маченици словото Божјо до крај го запазивте,

Голијат често го претставува злото, гордоста или искушението; Давид ја претставува смирената душа што се надева на Бога;
победата покажува дека со Божја помош и „малите“ можат да победат големи искушенија.

„Трагедијата на повеќето добри луѓе е во тоа што никогаш немаат подготвен одговор во моментот кога се нападнати.
Другите, меѓутоа, токму таа кроткост ја искористуваат и победуваат во неправедни, брзи, одлучни и болни битки.

„Патот кон спасението е преку покајание за своите гревови, а не преку осудување на ближните. Ако човек ги осудува своите ближни, тоа значи дека не ги чувствува своите гревови и дека нема покајание. И обратно — неосудувањето на ближните е знак на свесност за нашите гревови и покајание за нив.

На Света Гора, таа света земја,која е посветена на Пресвета Богородица, постои една мистична реалност што останува сокриена од очите на светот – невидливите монаси. Овие богоносни старци, живеат во потполна осаменост и непрестајна молитва, далеку од сите погледи на луѓето, во пештери, ќелии и недостапни предели на Атон.

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,
а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше верата во тебе
да ја понижи о Македоние пастиру Христов.

По ужасни маки, му ставиле железни чевли со шајки одвнатре на нозете и го врзале за свирепи коњи, кои почнале да трчаат со сила. Човечки кажано, немало бегство: или да се трча до исцрпеност, или да се падне и да се биде растргнат на парчиња.
Толпата викала со омраза, се потсмевала, а атмосферата била полна со суровост и превирања.

Во православната традиција, канонизацијата не се темели само на популарност, туку пред сè на светоста на животот, православноста на верата и духовните плодови што некој ги остава зад себе. Затоа, евентуалната официјална канонизација на о. Серафим Роуз веројатно ќе продолжи да биде тема на дебати и во иднина.

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради тоа „прекршување“.