ДА ГИ ИСПОВЕДАМЕ СВОИТЕ ГРЕВОВИ
Ако исповедта по дефиниција е отворено и јавно признание на гревовите, тогаш зошто православните христијани се исповедаат приватно на своите свештеници? Не е поради тоа дека свештениците имаат некаква особена власт што другите ја немаат. Да се размислува вака е многу погрешно, иако многумина христијани вака го разбираат тоа[1]. Свештениците немаат власт лично да простуваат гревови. Само Исус Христос има таква власт. Но, свештениците ја имаат службата на сведоштво на исповедта и покајанието на народот Божји,