Свети Кирил Ерусалимски: НЕДЕЛА НА РАСЛАБЕНИОТ
Гледаш ли Христос се јавува таму каде што недостасувало спасението? Многумина од болните си имале домови, исто и познати, блиски - раслабениот, вистински угнетен од секаква беда немајќи можност да добие помош однадвор, оставен во целосна самотија, добил помош од Единородениот Божји Син. Кого чекаш при бањата?