ВО ШТО СЕ СОСТОИ ХРИСТИЈАНСКОТО СОВРШЕНСТВО. ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ТОА СОВРШЕНСТВО ПОТРЕБАНА Е БОРБА.
Сите ние посакуваме и на сите ни е дадена заповед да бидеме совршени. Господ заповедал: „Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Матеј 5:48); св. Павле нè учи: „... за злото бидете младенци, а по умот зрели“ (1 Коринтјаните 14:20). На друго место тој вели: „...да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја“ (Колосјаните 4:12), и повторно: „... да се стремиме кон совршенство“ (Евреите 6:1). Таа заповед била поставена и во Стариот Завет. Така, Бог му вели на Израилот во Повторените закони: „Биди непорочен пред Господа, твојот Бог“ (5 Мојсеева 18:13). И светиот Давид, исто така, му заповеда на својот син Соломон: „...И ти, сине Соломоне, да го познаваш Бога на твоите татковци, и да му служиш од сè срце и со сета душа своја [1 Паралипоменон (Летописи) 28:9]. По сето ова, не може а да не се забележи дека Бог од христијаните бара полнота на совршенството, односно бара да бидеме совршени во сите добродетели.
Но ако ти читателе, возљубен во Христа, сакаш да ја достигнеш таа височина, треба претходно да знаеш во што се состои христијанското совршенство. Зашто, ако не го разбереш тоа, можеш да скршнеш од вистинскиот пат и, мислејќи дека брзаш кон совршенството, да тргнеш во сосема друга насока.
Ќе кажам директно: најсовршеното и најголемото дело коешто човек може да го посака и да го достигне е зближување со Бога и пребивање во единство со Него.
Но, не е мал бројот на оние коишто велат дека совршенството на христијанскиот живот се состои во пост, бдение, поклонување, спиење на гола земја и во други слични телесни строгости. Некои, пак, велат дека совршенството се состои во извршување многубројни молитвослови дома и во присуствувањето на црковните служби. А има и такви коишто сметаат дека нашето совршенство се состои во умствената молитва, во осамувањето, отшелништвото и безмолвието. Но, најголемиот дел го ограничува совршенството на точното исполнување на сите пропишани подвижнички активности, не отклонувајќи се ниту во излишни активности, ниту во изоставување на некоја од активностите, туку држејќи се до златната средина. Но, сите овие добродетели, сами по себе, не го сочинуваат христијанското совршенство, туку се само средства и методи за негово достигнување.
Нема ниту најмало сомневање дека се тоа само средства, секако ефикасни средства, за достигнување на совршенството во христијанскиот живот. Зашто, познавам голем број добродетелни луѓе коишто ги исполнуваат овие добродетели како што доликува, со цел преку тоа да ја стекнат силата и моќта за борба против својата гревовност и слабост, да нацрпат од нив храброст за да им се спротистават на искушенијата и на нападите на трите наши главни непријатели: телото, светот и ѓаволот, преку тие добродетели да стекнат духовни методи коишто им се толку многу потребни на сите слуги Божји, особено на почетниците. Тие постат за да ја смират својата нескротена плот; бдеат за да го изострат своето умствено око; спијат на гола земја за да не се разгалат од сонот; го врзуваат јазикот со молчење и со осамување за да ги избегнат и најмалите причини да сторат нешто што би го навредило Сесветиот Бог; кажуваат молитви, стојат на црковни служби и прават други благочестиви дела за нивното внимание да не се оддалечува од небесните нешта; читаат за животот и за страдањата на нашиот Господ само за да ја спознаат подобро сопствената слабост и благосрдечната Божја добрина, за да се научат и да засакаат да го следат Господ Исус Христос, со самопреѕир и со крст на своите рамења, и за да сè повеќе и повеќе ја распламтуваат во себе љубовта спрема Бога и одвратноста спрема самите себе.
Но, од друга страна, истите тие добродетели кај оние коишто во нив ја положуваат сета основа на својот живот можат да предизвикаат поголема штета одошто истите тие луѓе воопшто да не ги исполнуваат – но не сами по себе, зашто тие добродетели се благочестиви и свети, туку по вина на тие што не ги ползуваат како што треба: имено, кога тие, внимавајќи единствено на самите добродетели, коишто ги исполнуваат надворешно, го оставаат своето срце да се развива според своите сопствени заповеди и според заповедите на ѓаволот којшто, гледајќи дека тие отстапиле од вистинскиот пат, не им пречи не само да се подвизуваат со радост во таквите свои телесни подвизи, туку и им ги умножува според нивната суетна помисла. Доживувајќи притоа некакви духовни движења и утешенија, овие луѓе почнуваат да мислат за себе дека се возвишиле дури до ангелски чинови и дека во себе го чувствуваат присуството на Самиот Бог; во друга прилика, задлабочувајќи се во созерцување на некакви замислени неземни нешта, фантазираат дека се целосно излезени од сферата на овој свет и дека се вознесени до третото небо.
Но, секој може да се увери, врз основа на животот и моралот на таквите луѓе, колку погрешно тие дејствуваат и колку далеку се отклонуваат од вистинското совршенство. Тие обично сакаат да бидат ценети повеќе од другите; тие сакаат да живеат според сопствената волја и секогаш се настојчиви во своите решенија; тие се слепи спрема сите нешта коишто се однесуваат на самите нив, но затоа се крајно внимателни и загрижени при анализата на постапките и на зборовите на другите; ако некој почне да го користи угледот на друг, углед каков што, според нивното мислење, го имаат и самите тие, не можат да го издржат тоа и почнуваат да пројавуваат отворен антагонизам спрема него; ако некој им попречи во нивните благочестиви активности и подвижнички дела, особено во присуство на други, во нив во истиот миг зоврива гневот и тие стануваат сосема поинакви.
Ако Бог, сакајќи да ги приведе кон познание на самите себеси, и да ги насочи кон вистинскиот пат кон совршенството, им испрати страдање и болест, или дозволи да бидат изложени на прогонување, врз основа на што Тој обично испитува кој е вистински и искрен Негов слуга – тогаш се покажува што се крие во нивните срца и колку длабоко се заразени со гордоста. Зашто, без оглед на тоа какви неволји им се случуваат, тие не сакаат да го наведнат вратот и да ì се покорат на Божјата волја, смирувајќи се на Неговиот праведен суд, и не сакаат, по примерот на Оној Кој Самиот се смирил и пострадал заради нас – нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји – да се смират самите повеќе од секоја твар, сметајќи ги своите прогонувачи за љубезни пријатели, како орудија на Бжествената благост спрема нив и забрзувачи на нивното спасение.
Зашто, очигледно е дека тие се наоѓаат во голема опасност. Бидејќи нивното внатрешно око – односно умот нивни, им е замрачено, тие со него гледаат на самите себе, но гледаат погрешно. Помислувајќи за своите надворешни побожни дела дека се добри, тие сметаат дека го достигнале совршенството и, возгордувајќи се поради тоа, почнуваат да ги осудуваат другите. По сето ова, веќе не постои можност таквите да бидат обратени од човек. Тоа е можно само под особено Божјо дејство. Полесно е да се преобрати јавен, одошто скриен грешник, грешник кој се затскрива под покривот на видливи добродетели.
Сега, откако јасно и конкретно разбра дека духовниот живот и совршенството не се состојат само во видливите добродетели коишто ги споменавме, разбери го и тоа дека совршенството не се состои ниту во нешто друго, освен во зближувањето со Бога и во соединувањето со Него, како што рековме во почетокот – со што е поврзано и срдечното исповедање на добрината и на величието Божјо и сознанието за сопствената наша ништожност и склоност кон секакво зло; љубовта спрема Бога и одвратноста спрема самиот себе; потчинување не само на Бога, туку и на сета твар поради љубовта спрема Бога; отфрлање на секаква наша волја и совршена покорност на волјата Божја; и притоа посакување на сето тоа и исполнување на сето тоа од чисто срце и во слава Божја (в. 1 Коринтјаните 10:31), само заради благоугодување на Бога, само затоа што така сака Самиот Тој и што така мора да го љубиме Него и да работиме за Него.
Ете го законот на љубовта, напишан со прстот на Самиот Бог во срцата на Неговите верни слуги! Ете го отфрлањето на самите себе, какво што од нас го бара Бог! Ете го благиот јарем на Исус Христос и лесното бреме Негово! Ете ја покорноста на волјата Божја, којашто од нас ја бара Искупителот и Учителот наш и со Својот личен пример, и со Своето слово! Зашто, нели нашиот Началник и Извршител на нашето спасение Господ Исус Христос ни заповедал во својата молитва кон Небесниот Отец да говориме: „... Оче наш... да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10)? И Самиот Тој, стапувајќи во подвиг на страдање, зарем не ивикал: „... нека не биде Мојата волја, туку Твојата“ (Лука 22:42)! И нели Тој за сето Свое дело рекол: „... слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати“ (Јован 6:38)?
Гледаш ли сега, брате, во што е работата? Претпоставувам дека ти покажуваш подготвеност и се трудиш да ги достигнеш височининте на таквото совршенство. Нека е благословена твојата ревност! Но подготви се и на тешкотии, на пот и на борба уште при твоите први чекори. Сите нешта си должен да ги поднесеш како жртва на Бога, и да ја исполнуваш само Божјата волја. Но ти во самиот себе ќе сретнеш толку свои посакувања, колку што имаш сили и потреби, и сите тие ќе бараат да бидат исполнети, без оглед дали е тоа во согласност со волјата Божја. Затоа, за постигнување на целта што си ја поставил, потребно е во почетокот да ги потиснуваш сопствените посакувања, за да на крај сосема ги изгасиш и умртвиш; а за да успееш во тоа, мора постојано да се противиш на лошото и да се принудуваш на добро; со други зборови – должен си постојано да се бориш со самиот себе и со сето она што им погодува на твоите посакувања и ги поттикнува. Подготви се на таква борба и знај дека венецот – достигнување на целта што ја посакуваш – не му се дава на никој, освен на доблесните воини.
Но, колку е оваа борба потешка од секоја друга – зашто, стапувајќи во борба со самите себе, во нас се судруваме и со противниците – толку е победата во неа пославна од секоја друга победа, и таа победа му е најугодна на Бога. Зашто ако, разгорен со ревноста, ги победиш и ги умртвиш твоите хаотични страсти, твојата похот и твоите посакувања, ќе Му благоугодиш на Бога и ќе работиш за Него подобро одошто да се камшикуваш до крв и да се истоштуваш со пост повеќе од сите древни пустиножители. Дури и ако искупиш од ропство стотина робови-христијани од нечестивите, и им дадеш слбода, и тоа нема да те спаси ако самиот пребиваш во ропството на страстите. И какво-годе друго дело да направиш, макар и најголемо, со огромен труд и пожртвуваност, тоа нема да те доведе до целта којашто ја посакуваш, ако притоа не внимаваш на твоите страсти, давајќи им слобода да живеат и да дејствуваат во тебе.
На крајот, откако разбра во што се состои христијанската совршеност, и дека за нејзино достигнување е потребно да се води постојана и жестока борба со самиот себе, потребно е – доколку вистински сакаш да станеш победник во таа невидлива борба и да станеш достоен да го добиеш победничкиот венец – во срцето твое да ги врежеш следниве четири работи, коишто претставуваат невидливо и најсилно оружје: 1) никогаш и за ништо не надевај се на самиот себе; 2) во срцето секогаш надевај се единствено на Бога; 3) постојано подвизувај се; и 4) секогаш пребивај во молитва.
Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...